Опис на проектот

Опис на проектот

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ЦЕЛИ
  1. Фокусирана анализа за потребите, како и компаративно истражување со цел идентификација на потребите за обуката со вклучување на наставниците за стручно образование и обука и претставници на корисниците – земјоделските компании.
  2. Развивање на стандардна рамка на компетентност за фармерите и лицата кои што користат ИКТ технологии во земјоделството, во согласност со ЕУ стандардите како што се EQF и е-рамката за компетентност.
  3. Наставна програма базирана на CAPDM (Кејп Код) методологија.
  4. Развивање на содржини за учење за ТРИ МОДУЛИ:
М1 Иновации на земјоделското образование
М2 Европски стратегии и иницијативи за е-Земјоделство
М3 Дигитални системи во е-Земјоделство 4.0
  1. Развивање на онлајн платформа за соработка и имплементација на компонентите од проектот „Наставници во земјоделство 4.0“.
  2. Пилот курс „Наставници во земјоделство 4.0“ (Унгарија, Македонија)
  3. Подобрување на наставната програма и компонентите на курсот според евалуацијата на учесниците.
  4. Планирање на валоризација и одржливост.
ИСТОРИЈА НА ПРОЕКТОТ
Во последните 15 години глобалното земјоделството бележи фундаментални промени и претставува значајно поле во кое што се развива новото знаење во 21 век на глобалната економија. Новите иницијативи како што се ИКТ4АГ ( најширико прифанатиот акроним за користење на ИКТ во земјоделскиот сектор) и Земјоделство 4.0, го истакнуваат фактот дека најсовремената технологија, мобилните уреди, паметните телефони, сензорите и мрежите на знаење стануваат се повеќе користени за подобрување на продуктивноста на земјоделските ентитети.

Информациската и комуникациската опрема(ИКТ), сличните технологии услугите од оваа област стануваат се понеопходни во земјоделскиот сектор. Ваквата ситуација во комбинација со се поголемите потреби на пазарот од квалификувана работна сила претставува предизвик за земјоделското образование на кое треба брзо да одговори.

Исто така, важно е да се земе во предвид дека методите фокусирани на учениците во образованието и употребата на дигитални вештини и алатки во земјоделскиот секторот можат да ги мотивираат и привлечат младите луѓе во земјоделството.

ОЧЕКУВАНО ВЛИЈАНИЕ
Подобрување на знаењето на наставниците за онлајн и колаборативно учење; иновативни методи на учење со цел да се задоволат барањата за вештините  во XXI век; ИКТ во образованието; познавање на Земјоделството 4.0.

Практичната примена на новото знаење и вештини на наставниците стекнати за време на проектот може да влијаат врз учениците во земјоделското образование. Оваа возрасна група е привлечена од страна на образование базирано на ИКТ и употреба на модерни алатки. Доколку се запознаат со можностите и придобивките од користењето на ИКТ алатките во земјоделството, оваа група на млади луѓе ќе бидат повеќе мотивирани повеќе да ја проучуваат оваа област и да изберат кариера во земјоделството.

ЦЕЛНА ГРУПА
Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството

КОРИСНИЦИ
Студенти, земјоделци, советници
 
ЗЕМЈИ УЧЕСНИЦИ
Унгарија, Македонија, Чешка и Велика Британија
 
ЦЕЛНИ ЗЕМЈИ
Унгарија, Македонија
 
ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 

ПРОЕКТЕН АКРОНИМ
“Агритич 4.0”

ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2019

ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци

КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképzö Iskola” ,Унгарија

КОНТАКТ
Золтан Хорват – директор, galambj.iskola@gmail.com

ПАРТНЕРИ
iTStudy Hungary Kft. - ITS
Фондација Агро Центар за Едукација - FACE
АГ Футура Технологии – AGFT
GAK Oktató, Kutató és Innovációs Non Profit Közhasznú Kft – GAK
CAPDM Limited – CAPDM
Wirelessinfo – WINFO
 
English